Јувентус договорил голем талент на Барселона

pablo-moreno

Италијанскиот шампион Јувентус ја информирал Барселона дека ја активира откупната клаузула од договорот на 16-годишниот голем талент, Пабло Морено.

Се работи за импресивен напаѓач кој доминира во својата генерација во Шпанија, а во Кадет А лигата сезонава постигнал 31 гол.

Морено не бил задоволен од потезите на раководството на Барселона и одбил да потпише нов договор, а Јувентус веќе го договорил неговиот трансфер, при што на каталонскиот гигант ќе му исплати 3 милиони евра кои се предвидени во откупната клаузула.

За Барселона ова е уште еден сериозен удар, откако актуелното раководство веќе ги загуби Серхио Гомез (Борусија Д), Адрија Бернабе (Манчестер С), а наводно атрактивни понуди имале и Жоел Лопез, Роберт Наваро и Нико Гонзалес.

Facebook Коментари