Јувентус доби поддршка и од понежниот пол: И понатаму сме први (Фото)

manu iaqinta1

На четири кола до крајот, Јувентус има само еден бод позитива по вчерашниот епилог на „Алијанц стадионот“, но во наредниот период го очекуваат две тешки гостувања кај Интер и Рома, а само за споредба, Наполи го чекаат гостувања кај Фиорентина и Сампдорија. Токму на овие натпревари се очекува да биде решена битката околу титулата во Скудетото, а иако натпреварот мина во доста мирна атмосфера кога се во прашање изјавите, сепак сега пристигна и првата зајадлива порака.

Лоренцо Инсиње добил прашање за тоа дали Јувентус и Наполи пристапиле на овој дуел како да е едно големо финале, а одговорот на италијанскиот репрезентативец сигурно нема да им се допадне на фановите на клубот од Торино.

– Јувентус е навикнат да ги губи финалињата, – истакнал Инсиње во микс – зоната, алудирајќи на петте последователни финалиња кои ги загуби клубот од Торино во Лигата на шампионите.

Но, веднаш со одговор се јави популарниот тв модел и водителка Емануела Јакинта, која е и роднина на поранешниот играч на Јувентус, Виченцо Јакинта која му реплицираше со фотографија секси облечена во дресот на Јувентус.

– Не заборавајте дека 90 минути не значат ништо. Сеуште сме први со +1. Поздравете го лидерот, – напиша познатата тв водителка.

 

Facebook Коментари