Италија
Јувентус денеска ќе потврди дефанзивец од редовите на Ленс

Дефанзивната криза го натера Јувентус да размислува за ангажирање уште еден стопер во јануарскиот преоден рок, па денеска се очекува потврда за заем на фудбалер на Ленс.
Се работи за Кевин Дансо, фудбалер кој летоска преговараше со Рома, но остана во францускиот прволигаш, за сега да е во фокусот на „бјанконерите“.
Повредата на Пјер Калулу и фактот што тој ќе отсуствува неколку недели ги натераа одговорните во италијанскиот клуб да забрзаат со процесот на ангажирање уште едно засилување, а изборот паднал на Дансо.
Австрискиот репрезентативец бил мета на неколку клубови, но италијанските медиуми тврдат дека го избрал Јувентус како преферирана дестинација и уште денес треба да допатува во Торино.
Јуве прифатил да исплати сума од околу 3 милиони евра за заем до крајот на сезоната, па евентуално да преговара за целосен трансфер во јуни.
Претходно, на заем пристигна и Ренато Вејга од редовите на Челси.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)