Поврзете се со нас

Италија

Јувентус без Алегри на гостувањето кај Лацио

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfcen

Лацио го пречекува Јувентус во дербито на колото во Серија А, а гостите нема да бидат водени од тренерот Макс Алегри.

Иако вчера ја одржа традиционалната прес-конференција, Алегри нема да биде присутен во Рим, затоа што имал симптоми на грип и останува во Торино.

Тоа значи дека екипата ќе биде водена од неговиот прв помошник Марко Ландучи, кој ќе се соочи со искусниот Маурицио Сари на другата страна.

Јувентус нема да смета ниту на Матија Де Шилјо, како и на Пол Погба, кој и натаму не е доволно подготвен за настап, додека Кеан е суспендиран поради жолти картони.

Федерико Киеза е вклучен во составот и веројатно ќе добие минутажа во Рим, каде Јувентус се соочува со комплетниот Лацио од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни