Поврзете се со нас

Италија

Јуве ја следи големата ѕвезда на Аталанта, агентот го призна интересот

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта успеа да го елиминира Милан во четвртфиналето во Копа Италија и си завери билет меѓу четирите најдобри во Купот, но клубот од Бергамо во блиска иднина ќе има проблем да го задржи стрелецот на двата гола на овој натпревар.

Теун Копмајнерс расте од сезона во сезона како член на тимот кој го води искусниот Гасперини, а тоа првлекува интерес и од клубови кои се далеку пореномирани во Италија.

Холандскиот фудбалер има 25 години и се наоѓа во фаза на кариерата кога е комплетно зрел за уште поголем предизвик, па според последните информации, тоа може да биде Јувентус.

„Старата дама“ има одлична сезона и високо котира во битката за титулата во домашното првенство, а агентот на Копмајнерс открива дека постои вистина во гласините дека Јуве е заинтересиран за неговиот клиент.

– Точно е тоа што се зборува, Копмајнерс е почитуван и следен од Јувентус. Да бидам поточен, ситуацијата е уште поинтересна поради Џунтоли. Тој се распрашуваше за Теун уште додека овој играше во АЗ Алкмар. Во овој момент, се е во фаза на интерес, се уште немало директен контакт. За да дојде до такво нешто, прво ќе мора да стапат во комуникација двата клуба. Ние не планираме да иницираме ништо без дозвола од Аталанта, – вели Барт Бавинг за „Калчомеркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни