Поврзете се со нас

Свет

Јутјубер ќе му скршеше нога на Кака на хуманитарен натпревар (Видео)

Објавено

на

Бразилецот Кака и натаму игра во одлична форма на хуманитарните натпревари на кои се појавува, а доказ за тоа е и неговиот денешен настап на „Натпреварот на надежта“ кој се игра во Катар.

Освојувачот на „Златна топка“ е една од многуте ѕвезди од различни професии во Катар, а покрај со одличните потези се најде во центарот на вниманието и поради еден груб старт на противнички играч над него.

Познатиот јутјубер Спид ги налути фудбалските фанови со грубиот старт над Бразилецот, па според многумина тој требало да добие црвен картон и да биде истеран од хуманитарниот дуел. За среќа Кака мина без посериозна повреда, иако стартот воопшто не беше наивен.

Пред почетокот на дуелот, Спид и Кака срдечно се поздравија и разговараа, но се чини дека на поранешниот фудбалер воопшто не му беше интересно соочувањето на теренот со јутјуберот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни