Поврзете се со нас

Европски првенства

Јуста со луда тројка и даде нов живот на Шпанија, па „црвената фурија“ избегна срам во Братислава (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/BaloncestoESP

Репрезентацијата на Шпанија со многу мака и по дополнителни десет миинути дојде до првата победа во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Шпанците по 50 минути игра славеа на гостувањето во Братислава кај аутсајдерот Словачка со 76:72. Иако на „црвената фурија“ и фалат многу играчи никој не очекуваше дека четата на Скариоло ќе се мачи против Словаците кои дефинитивно ќе жалат за овој резултат затоа што беа во добра позиција да го шокираат фаворитот.

Имено во основниот дел Бродзиански реализираше само едно од двете слободни фрлања на осум секунди до крајот и со тоа пропушти шанса да донесе славје за својата селекција (59:59). Словаците беа подобри и во продолжението имаа позитива од 67-64 и посед на 0.4 секунди до крајот на мечот, меѓутоа Јуста успеа да ја украде топката и со луда тројка да стрела за 67-67 и нови пет минути.

Тука Шпанците не погрешија и со 9:5 дојдоа до конечно славје од 76:72.

Јуста со дабл-дабл од 21 поен и 10 скока беше најдобар поединец кај победникот, Бродзиански даде 23 кај поразените.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни