Поврзете се со нас

Англија

Јуриќ за статусот на Саутемптон: Дефинитивно ќе испаднеме од Премиер лигатa

Објавено

на

Foto:x.com/SouthamptonFC

Саутемптон вчера загуби од екипата на Вулверхемптон и на тој начин веројатно остана и без последната шанса да се надева на опстанок во Премиер лигата.

Менаџерот Иван Јуриќ не успеа да ги подобри резултатите, откако пред некој месец ги презема „светците“, а по вчерашниот пораз јасно нагласил дека и самиот знае дека не постојат шанси за задржување во англиската елита.

– Сигурно е дека ќе испаднеме од Премиер лигата, но би сакал тоа да се случи со повеќе борба и на подостоинствен начин.

– Ова беше уште еден натпревар на кој се виде дека не сме подготвени да освоиме бодови, секогаш нешто недостасува, – рекол Јуриќ.

Саутемптон сезонава освои само девет бодови и има седумнаесет помалку од Волвс, првата екипа која е надвор од опасната зона.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни