Лига Европа
Јуриќ со несекојдневна изјава ги воодушеви навивачите на Атлетик по ремито на „Олимпико“
Рома и Атлетик Билбао ги поделија бодовите на стартот на новата сезона во Лигата на Европа, но по крајот на мечот, во фокусот за шпанските медиуми се најде Иван Јуриќ.
Новиот тренер на Рома е познат по тоа што отворено говори пред новинарите и дека нема влакна на јазикот, па така со својот заклучок кој го даде за Атлетик експресно стана омилен лик во Баскија.
Хрватскиот стручњак заклучи дека „Атлетик е баскиски, а не шпански клуб“, а со оглед на тоа што Баскија како автономна заедници со години сака да се отцепи од Шпанија, оваа негова изјава брзо стана најсподелувана од медиумите на Пиринеите.
– Имавме контрола врз Атлетик во првото полувреме и игравме добро. Атлетик е тим кој игра на свој препознатлив начин, со долги топки ги бара своите брзи напаѓачи.
– Атлетик е баскиски тим, а не шпански! Тие не играат стандарден шпански фудбал со многу посед и допири на топка, го играат сосема спротивното, – гласи изјавата на Јуриќ.
-
Лига на нации21 час
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан22 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Шпанија22 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Лига на нации18 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Лига на нации18 часа
Фудбалерите тренираа во Ереван, подготвени се за жестока битка со Ерменците (ФОТО)
-
Македонија19 часа
Антоан херој, Пелистер го сруши шампионот во Битола
-
Англија23 часа
Одлична вест за Ливерпул: Салах нема да игра на „опасното“ гостување во Мавританија
-
Лига на нации22 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија