Поврзете се со нас

Италија

Јуриќ испрати смртна закана кон противничкиот тренер, па режираше сцена за паметење по натпреварот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/TorinoFC_1906

Иван Јуриќ се докажа како еден од најтемпераментните тренери во Серија А изминатите неколку години, но се чини дека предводникот на Торино вчера ја мина границата на нормалното и Италијанците најавуваат дека ќе заработи жестока казна.

Хрватот збесна на крајот од натпреварот меѓу Торино и Фиорентина и му се закани на противничкиот тренер, односно му порача на Винченцо Италијано дека „ќе му го пресече гркланот“.

Ваквата порака на Јуриќ беше проследена со гестикулација и главниот судија му покажа директен црвен картон, но за да биде уште понеобично се погрижил самиот Јуриќ во микс-зоната.

Додека Италијано давал изјава, Јуриќ се приближил и се обидел да ги смири страстите, па сцената која ја режирале со колегата стана вистински хит на чизмата.

– Може ли да се прегрнеме пред телевизијата? Бев навистина лош кон Винченцо, ја преминав границата и морам да се извинам. Имаме ист тип на крв и интензивни сме за време на натпреварите. Сепак, не можам да ветам дека ова нема да се случи пак во иднина, – изјавил Јуриќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни