Поврзете се со нас

Италија

Јуриќ: Играчите на Рома ми признаа една работа кога првпат влегов во соблекувалната

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Иван Јуриќ имаше победничко деби на клупата на Рома, откако претходно неколку дена работеше во доста непријатна атмосфера поради протестите на тифозите и случувањата во внатрешноста на клубот.

Пристигнувањето на Јуриќ како шеф на стручниот штаб на Рома не беше прифатено добро од најверните ултраси на Рома, а причина за тоа беше отказот за легендарниот Даниеле Де Роси кој на крајот на минатата сезона беше гледан како спасител за „волчицата“.

Работите во фудбалот брзо се менуваат и отказот за Де Роси е уште еден доказ за тоа, но оваа турбулентна недела на крајот заврши со победа од 3:0 и интересна изјава од Јуриќ за првиот работен ден кој го имал во престолнината.

– Не беше лесно да се игра после цела увертира, но играчите одговорија одлично. Кога пристигнав првпат во соблекувалната, наидов на момци на кои им беше многу жал за отказот на Де Роси. Играчите отворено ми го признаа тоа и беа искрени со мене.

– Навистина го ценам тоа, бидејќи играчите често знаат да кријат такви работи. И досега даваа се од себе за претходниот тренер, но резултатите едноставно не им одеа во полза. Мислам дека мојот начин на работа може многу да им помогне, може да добијат корист од мојот пристап, – изјави Јуриќ кој ги коментираше и свирежите кои ги добија Пелегрини и Кристанте.

– Тоа е резултат на отказот кој го доби Де Роси, но овие играчи се подготвени да излезат посилни од ова. Тие се професионалци и сигурен сум дека брзо ќе го променат мислењето меѓу навивачите, – изјави Јуриќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни