Италија
Јуриќ го врати во првиот тим играчот кој беше „замрзнат“ од Де Роси
Изминатите 72 часа донесоа големи турбуленции во Рим и ситуацијата во Рома се уште не е воопшто мирна, но новиот тренер Иван Јуриќ веќе почна да ја извршува својата работа и да ги влече првите потези.
Тифозите на Рома се разочарани од раководството на клубот кое му врачи отказ на Даниеле Де Роси и најавија дека ќе го бојкотираат натпреварот против Удинезе, па иако Јуриќ засега ја нема поддршката од верните навивачи, се верува дека ќе може да го промени мислењето ако почне да остварува добри резултати.
Искусниот хрватски стручњак ќе дебитира во недела на „Олимпико“, а во увертирата за овој меч, решил да го „одмрзне“ играчот кој беше отстранет од првиот тим на Рома.
Никола Залевски не го реализираше трансферот во Галатасарај на крајот на минатата недела и после сите перипетии остана во Рома, па клубот во договор со тренерот Де Роси реши да го „замрзне“ и да го отстрани од тимот на неодредено време.
Десет дена подоцна, Јуриќ решил да има конструктивен разговор со фудбалерот и му одобрил да се приклучи на тренинзите, па сега Хрватот ургирал и за брзо решавање на ситуацијата во вид на нов договор за полскиот репрезентативец.
-
Евролига24 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Лига на нации15 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан16 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Шпанија16 часа
Иниеста за тврдењата дека е навивач на Реал: Кажани се работи…
-
Лига на нации11 часа
Митровиќ со супер гол ја запечати победата на Србија, Шпанија во финишот ја „скрши“ Данска (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Де ла Фуенте: Фудбалерите треба да одмараат во клубовите, а не во репрезентациите
-
Лига на нации16 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Шпанија19 часа
Барселона се уште исполнува финансиски обврски кон Меси, Алба и Бускетс