Поврзете се со нас

Италија

Јуриќ доби поддршка од познат колега во Серија А: Тој е оставен сам на себе

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Иван Јуриќ пристигна во Рома во навистина турбулентен период, а како човек кој требаше да го „гаси пожарот“, Хрватот брзо стана главна мета и на италијанските медиуми.

Јуриќ не ужива симпатии во јавноста и медиумите веќе ги издвојуваат имињата кои можат да го наследат како тренер на „Олимпико“, но додека новинарите пишуваат за Лампард, Алегри, Соуса и Сари како потенцијални наследници, еден човек застана во одбрана на актуелниот тренер.

Џан Пјеро Гасперини смета дека Јуриќ се наоѓа во навистина неблагодарна ситуација во италијанската престолнина, па како тренер кој ужива големи симпатии кон својот поранешен играч, реши да му испрати поддршка во јавноста.

– Ситуацијата во Рома е експлозивна, а таа дополнително еруптираше по отказот на Де Роси. Јуриќ се справува со врел компир во Рома, само резултатите можат да го спасат во моментов.

– Иван е одличен тренер, работи добро и може да оствари резултати ако се има верба во неговите методи. Ситуацијата во Рома е исклучитено незгодна, но неповолно за него е и тоа што е оставен сам на себе. Прави се што може, да видиме како ќе се развива целата оваа ситуација, – изјави Гасперини.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни