Англија
Јуриќ дебитираше со пораз во Премиер лигата: Со ваква игра може да се надеваме на опстанок
Иван Јуриќ го презема тимот на Саутемптон пред само четири дена, а денеска дебитираше со пораз во „Боксинг деј“ колото во Премиер лигата.
„Светците“ одиграа прв натпревар на кој имаа 18 обиди за гол на еден натпревар и тоа остава позитивен впечаток и покрај непосакуваниот резултат, бидејќи тимот на хрватскиот стручњак капитулираше во вториот дел при акцијата која заврши со гол на Џаред Боуен.
Вест Хем победи со голот на својот најдобар фудбалер, па иако Јуриќ го претрпе првиот непријатен удар во англискиот фудбал, останува оптимист кога е опстанокот во прашање.
– Мислам дека одигравме навистина добар натпревар, игравм далеку подобро од Вест Хем и создадовме голем број шанси. Примивме гол кој можеше лесно да се избегне, но јас сум задоволен од работата на играчите по само четири или пет дена. Ги послушаа моите совети, притискаа високо и украдоа доста топки.
– Ме задоволија многу работи од натпреварот, освен резултатот. Мислам дека ниту еднаш оваа сезона Саутемптон не бил во ситуација да шутира 18 пати кон противничкиот гол. Гледав одлучен тим да победи, а неискористените шанси беа казнети со гол.
– Ќе биде исклучително тешко да се избори опстанок, но со ваква игра како денеска, мислите се далеку попозитивни. Има работи за подобрување, но со ваква игра се буди надежта, – изјави Јуриќ.
За Саутемптон ова беше 14-ти пораз од стартот на сезоната, па „светците“ остануваат на дното на табелата со само 6 освоени бода.
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)