Поврзете се со нас

Свет

Јунузовиќ со страшен волеј гол ги освои фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Австрискиот фудбалер Златко Јунузовиќ денеска ја продолжи серијата на атрактивни голови кои долго ќе се паметат, а својот погодок го реализираше на дуелот меѓу Рапид и Салцбург.

Гостите го прегазија домашниот тим среде Виена со 7:2, а Јунузовиќ го постигна шестиот погодок, кој веројатно е и најубав во неговата досегашна кариера.

Јунузовиќ убаво ја дочека топката од изведениот корнер и со волеј ја испрати топката во мрежата на Рапид, додека фактот што ја погоди гредата само ја направи ситуацијата поатрактивна.

Со оваа победа, Салцбург ја задржа убедливата предност и првото место на табелата во австриската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни