Поврзете се со нас

Македонија

Јуниорките со победа над Швајцарија го завршија турнирот во Софија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години дојде до уште една победа на ФИБА „Челенџерот“ во Софија.

Нашите девојки вчера ја совладаа Албанија, додека пак денеска беа поуспешни од Швајцарија со 68-67. Ова беше дуел во кој двете селекции имаа подеми и падови, решеваа нијасни, среќа, фактори кои овојпат беа на наша страна.

Имавме четири кошаркарки кои беа двоцифрени, Димитријевиќ даде 20 поени, Чолакоски 17, а одлична поддршка беа Зафирова и Блажеска кои заедно искомбинираа 27 кошеви.

Избраничките на Антиќ со учинок од две победи и три порази се враќаат назад во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни