Поврзете се со нас

Репрезентација

Jуниорките ја запишаа првата победа на ФИБА-челинџерот во Софија

Објавено

на

Македонската женска кошаркарска репрезентација ја прокнижи првата победа на ФИБА-челинџер турнирот во Софија.

Нашиот национален тим ги тргна на страна трите порази во претходните натпревари и со добра игра славеше над Албанија со 61-49. Избраничките на Јелена Антиќ беа подобри од трите од четирите четвртини и сосема заслужено дојдоа до славје на денешниот меч.

Повторно се истакна дуото Чолакоска-Димитријевиќ кое искомбинира 28 кошеви.

Утре не очекува нова битка против Швајцарија која има учинок од две победи и два порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни