Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорките го подобрија впечатокот, рамноправно се бореа против Бугарија

Објавено

на

Македонската женска јуниорска кошаркарска репрезентација доживеа пораз и на третиот натпревар на „Челенџерот“ во Софија.

Избраничките на Антиќ оваа вечер загубија од домаќинот Бугарија (64-55) со тоа што оставија далеку подобар впечаток од вчера кога доживаа вистинска катастрофа во дуелот со Словенија (88-22).

Девојките се бореа и по три четвртини беа рамноправни (49-46), меѓутоа во завршните десет минути немаа сили за да направат пресврт и го шокираат домаќинот.

Чолакоски и Димитријевиќ искомбинираа 35 кошеви, победничкиот состав беше предводен од Стојановска со 22 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни