Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите загубија од Израел на стартот на ЕП

Објавено

на

Машката јуниорска репрезентација на Македонија претрпе пораз од Израел од 79-70 на првиот меч на Европското првенство што се одржува во Турција.

Избраниците на Тони Симиќ ја добија првата четвртина со 18-15, но потоа ги одиграа најлошите десет минути на натпреварот и му дозволија на противникот да го преземе водство, контролата на резултатот и играта.

Израелците имаат плус шест на паузата (42-36), предност која потоа ја одржуваат иако и тие и ние имавме свои моменти, ама не дојде до промена на резултатот.

На крајот прв пораз за Македонија, пораз во кој најдобар беше Тео Симиќ со дабл-дабл од 25 поени и 12 скокови.

Во втората рунда се соочуваме со Франција која во првата рунда ја здроби Велика Британија со 97-45.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни