Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите со пораз од Германија го затворија „Челенџер“ турнирот во Скопје

Објавено

на

Македонската репрезентација до 18 години загуби од Германија со 97-79 во последниот натпревар од ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.

Избраниците на Никола Василев имаа сили само за едно полувреме и тоа за првото во кое резултатот беше израмнет 45-45. Вторите 20 минути апсолутно минаа во знакот на Германците кои беа подобри офанзивно и дефанзивно и сосема заслужно на крајот се израдуваа на победата која за нив беше трета во низа во скопската престолнина.

Хот имаше дабл-дабл од 21 поен и 10 скокови, Мемед додаде 15, а Наков 13 кошеви.

Ние овој „Челенџер“ го завршуваме со 1 победа и 4 порази, односно завршиме како претпоследни во групата пред селекцијата на Грузија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни