Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите одиграа машки против фаворизираната Шпанија

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години одигра добар меч против фаворизираната Шпанија на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Скопје.

Избраниците на Никола Василев имаа проблеми во првите 20 минути, но во вториот дел го надиграа противникот, во финишот дојдоа и на минус пет, но на крајот „црвената фурија“ беше таа што се радуваше со 69-62 и со тоа дојде до три од три на овој настан во нашата престолнина.

Мемед со 18 поени беше најдобар македонски играч, двоцифрен беше уште Хот со 11 кошеви.

„Црвено-жолтите“ сега имаат учинок 1-2, во следното коло се соочуваат со Србија која досега како и Шпанија е непогрешлива на турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни