Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите не го издржаа последниот налет на Србите и загубија на турнирот во Скопје

Објавено

на

Македонската јуниорска селекција претрпе пораз од Србија од 88-73 во последниот меч од денешната програма на ФИБА „Челенџер“ турнирот што се игра во Скопје.

Нашите надежи максимално се бореа против врсниците од Србија, беа максимално рамноправи три чевртините за да во последните 10 минути противникот одигра фуриозно во нападот, ритам кој ние не можевме да го испратиме. Токму тие 29-14 во четвртата четвртина не чинеше двоцифрен пораз, пораз кој за четата на Василев беше трет во четвртиот натпревар во оваа група.

Митревски и Мемед заедно искомбинираа 49 кошеви, двоцифрен беше само уште Хот со 12 поени.

Утре е последниот ден на турнирот во Скопје, наш ривал ќе биде селекцијата на Германија која досега има учинок 2-2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни