Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите ја срушија Грузија за прва победа на турнирот во Скопје

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години славеше над Грузија со 69-66 на ФИБА „Челенџерот“ што се одржува во Скопје.

Ова беше дуел кој беше изедначен и во кој решаваа нијанси, а тие беа на страната на избраниците на Никола Василев кои се израдуваа на првиот триумф во турнирот во нашата престолнина. Првиот дел заврши без предност за никого (30-30) за да во третиот период гостите од Грузија бидат подобри и со плус три влезат во завршните десет минути.

Нашите надежи одговорија на овој предизвик, ја одиграа најефикасната четвртина и со тоа си овозможија славје над вечерашниот ривал од три поени.

Наков и Хот имаа дабл-дабл учиноци во македонската репрезентација за која пак Митревски додаде 19, а Мемед 15 кошеви.

Утре не очекува тежок меч против Шпанија која има два од два во Скопје. Дуелот во СРЦ „Кале“ се игра од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни