Поврзете се со нас

Репрезентација

Јуниорите декласирани од Франција во Измир

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години го загуби и вториот меч на Европското првенство што се одржува во Измир (Турција).

Избраниците на Тони Симиќ беа декласирани од Франција со 104-47. Се беше јасно уште по првата четвртина која има припадна на „триколорите“ со 39-15, предност која дополнително ја зголемија до паузата (64-21),

Французите не надиграа и во вторите 20 минути, односно на крајот не замрзнаа на минус 57.

Башоски со 12 поени беше единствен двоцирен македонски кошаркар, Кулибали со 19 ја преводеше листата на стрелци кај победникот.

Следен наш ривал е селекцијата на Велика Британија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни