Поврзете се со нас

Европски првенства

Јунакот од сенка на Италија: Сакав да надоместам за грешката против Шпанија

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Матија Закањи со мајсторска завршница го матираше Ливаковиќ и буквално ги „смрзна“ Хрватите во последната акција на мечот, гол кој всушност значеше дека актуелниот бранител на титулата и официјално патува во осминафиналето на Европското првенство.

Фудбалерот на Лацио го украде шоуто со својот погодок и сите му ја доделија улогата на херој, но италијанските медиуми го потенцираат и јунакот од сенка, а тоа е стоперот Рикардо Калафиори.

Дефанзивецот на Болоња имаше несреќен момент против Шпанија кога си даде автогол, меѓутоа вчера ја потврди класата и докажа зошто Спалети слепо верува во неговите фудаблски квалитети.

Калафиори според своето движење на теренот потсетува на Серхио Рамос, а синоќа тој ја поведе акцијата и навлече неколку фудбалери на себе пред да додаде до Закањи кој погоди за 1:1.

– Покажавме реакција како тим и верувавме до самиот крај. Одигравме подобро од претходните мечеви и на крајот заслужено стигнавме до израмнување. Единствено жалам што нема да играм на мечот во осминафиналето, но ќе бидам поддршка плус од трибините и ќе навивам за националниот тим, – изјави Калафиори кој поради жолт картон ќе го прескокне соочувањето со Швајцарија.

– Навистина не знам од каде ми дојде таа енергија за последната акција. Ова беше многу тежок меч, но морав да дадам нешто повеќе за овој тим. Не сакав да го завршиме нашето патување тука, сакав да дадам нешто позитивно за тимот. Сакав да надокнадам за грешката и автоголот против Шпанија и навистина исполнет сум со многу емоции, – изјавил Калафиори кој го заврши мечот со солзи во очите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни