Јунак на годината: Ѓукановиќ се разбуди од кома и веднаш се појави на тренингот на својот тим (Видео)

slavisa-djukanovic

Славиша Ѓукановиќ минатата недела доживеа срцев удар на тренингот на францускиот тим Аикс и предизвика огромен страв во ракометна Франција, но и покрај тоа што беше во сериозна и критична состојба, поранешниот српски репрезентативец благодарение на својата фантатична физичка подготвеност успеал да се разбуди од кома во која бил три дена.

Тој ги израдува ракометните фанови и медиумите во Србија и Франција откако веднаш по будењето од кома се фотографираше насмеан од болницата, а сега пристигна уште едно посимпатично видео од последниот транинг на Аикс кој го посети Ѓукановиќ.

Србинот беше топло пречекан од своите соиграчи, а тоа сигурно може да му биде огромен потстрек да размисли и за продолжување на кариерата и покрај тоа што има 38 години.

– Од болница на тренинг. Ви благодарам на сите за пораките и повиците, – напиша Ѓукановиќ споделувајќи го видеото од неговото пристинување на тренингот.

 

 

Facebook Коментари