Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната

Објавено

на

Foto:instagram.com/masongreenwood

Кариерата на Мејсон Гринвуд тргна во погрешен правец откако беше обвинет за силување и физички напад извршен врз неговата девојка, но по крајот на сагата која траеше точно една година, младиот напаѓач беше ослобоеден од сите обвиненија од судот и доби шанса повторно да биде слободен човек.

Судот во Британија процени дека изнесените докази и дадените изјави не се доволно добри аргументи за фудбалерот да заврши во затвор, меѓутоа неговата слобода не значеше автоматско враќање во Манчестер Јунајтед.

Клубот најави дека ќе спроведе интересна истрага која ќе трае извесно време, но последната одлука на Јунајтед е дека конечна одлука нема да биде донесено до крајот на натпреварувачката сезона.

„Дејли меил“ открива дека Гринвуд се погрижил за голема поделба меѓу водечките луѓе на Манчестер, бидејќи едни сметаат дека заслужува втора шанса, а други веруваат дека тој ќе биде сериозен комерцијален ризик и ќе го наруши угледот на клубот со враќањето во првиот тим.

Манчестер Јунајтед ја одложил одлуката до крајот на сезоната и исрцпно ќе изврши интерна истрага врз младиот голгетер, за кого веќе беа одбиени и две понуди за позајмица кои дојдоа од Турција.

Одлуката на клубот е дека ќе мора да се почека крајот на сезоната за целосно решавање на случајот, кој направи Гринвуд да изгуби цели две сезони во својата надежна кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни