Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед „загриза“ за нов стопер, Евертон бара 80 милиони фунти за репрезентативецот кој остана без ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/Everton

Манчестер Јунајтед одлучи новиот проект да продолжи со Ерик Тен Хаг како предводник на тимот, но целта на клубот е да направи неколку клучни промени во составот и да се донесат играчи кои ќе го подигнат нивото и конкуренцијата за стартните 11.

Великанот од „Олд Трафорд“ имаше многу проблеми со повредени играчи и посебно ровити беа играчите од одбраната, па токму поради тоа, главен приоритет на директорите на Џим Ретклиф ќе биде да се започне реконструкцијата од дефанзивата.

Заминувањето на Рафаел Варан остава простор за ангажман на играч во срцето на одбраната, а како што јавуваат англиските медиуми, Јунајтед загризал за англискиот репрезентативец кој на крајот беше прецртан од Герет Саутгејт.

Џаред Брантвајт си ја крена цената со своите настапи во дресот на Евертон и стана еден од најатрактивните дефанзивци во Премиер лигата, од една страна поради тоа што е домашен фудбалер, но и поради фактот што има само 21 година.

Како што јавува угледниот „Би-Би-Си“, Ретклиф дал зелено светло за напад на талентираниот стопер за кого се заинтересирани и други ривали од Премиер лигата, но за очекување е преговорите да одат доста тешко.

Фактот што Јунајтед загриза за Брантвајт го става Евертон во добитна и посакувана ситуација, па клубот од Ливерпул проценил дека нема да го продаде својот фудбалер за сума помала од 80 милиони фунти. Јунајтед ја плати токму оваа сума за ангажман на Хари Мегваер во 2019-та година, па во Евертон не гледаат зошто тоа не би се повторило и со Брантвајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни