Јунајтед и Спортинг си подадоа рака, Фернандеш ќе слета на „Олд Трафорд“

bruno-fernandes

Екипите на Манчестер Јунајтед и Спортинг Лисабон се на добар пат конечно да го договорат трансферот на Бруно Фернандеш.

Повеќе извори меѓу кои и „Гол“ пренесуваат дека остануваат само уште ситници, односно дека преговорите меѓу двете стране вродиле со резултат и португалскиот репрезентативец за сума од 55 милиони евра ќе се пресели на „Олд Трафорд“. Оваа сума може да дојде до 80 милиони евра ако се исполнат неколку различни клаузули од кои оние за 10 милиони евра се лесно остварливи.

Ако стигне официјална потврда, ова ќе биде најголемиот трансфер во Премиер лигата во овој преоден рок. Бруно од 2017 е играч на Спортинг, досега има настапено на 137 натпревари на кои постигнал 64 погодоци.

Facebook Коментари