Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед соопшти нова лоша вест за малерозниот Мартинез (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг едвај го дочека враќањето на Лисандро Мартинез, но радоста траеше само 20-тина минути, бидејќи Аргентинецот заработил нова повреда на мечот со Брентфорд.

Аргентинецот е убедливо најголем малер на Манчестер Јунајтед во последните 12 месеци, бидејќи по тешката повреда на ахиловата тетива и бавниот старт на сезоната, пред извесно време го повреди и коленото поради што паузираше речиси два месеци.

Мартинез се врати по репрезентативната пауза и требаше да претставува големо засилување за финишот од сезоната, но наместо тоа, сега повторно ќе мора да паузира поради повреда на листот.

Манчестер Јунајтед објави дека аргентинскиот стопер ќе паузира четири недели, а истото важи и за Виктор Линделоф кој беше заменет против Брентфорд токму од Лича.

За разлика од Аргентинецот, шведскиот стопер има повреда на задната ложа, но перидот на отсуство е идентичен за двајцата и би требало да се вратат на почетокот на месец мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни