Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед се ослободува од играчот кој заборави да игра фудбал на „Олд Трафорд“

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се очекува да повлече некои потези во овој зимски преоден рок, меѓутоа пред да доведе некого ќе мора да се ослободи од дел од играчите.

Еден од оние кој сигурно ќе си замине е Маркус Рашфорд со тоа што останува дилемата за наредната дестинација, но тоа нема да биде единственото крило кое ќе го напушти клубот ако се потврдат последните вести. Имено секогаш добро информираниот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо пренесува дека Бразилецот Антони е на добар пат да заврши во Шпанија и тоа во редовите на Бетис.

Некогашниот член на Ајакс буквално заборави да игра фудбал на „Олд Трафорд“, воопшто не ги оправда очекувањата и вложените средства, па воопшто не изненадување веста за неговото заминување макар и тоа да е на позајмица како во конретниот случај.

Јунајтед ќе покрие дел од платата, а тој до крајот на кампањава ќе игра за Бетис ако нема некој пресврт во последен момент. Антони има 24 години и договор со премиерлигашот до 30 јуни 2027 година.

Тој пристигна во Манчестер во 2022 година и тоа за сума од околу 100 милиони евра.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни