Англија
Јунајтед прими четири гола на првиот тест во Шпанија, Тен Хаг се налути: Ова е неприфатливо (Видео)

Ерик Тен Хаг не може да смета на најголемите ѕвезди на турнејата која ја има првиот тим во Шпанија, но сепак сигурно не се надеваше дека Манчестер Јунајтед ќе прими четири гола на првиот тест против Кадиз.
Шпанскиот прволигаш оствари победа со 4:2 на натпреварот на кој холандскиот стручњак извади два тима на теренот, а оној стартниот беше доста добар со играчи како Линделоф, Ван Бисака, Вилијамс, МекТоминеј, Ван де Бек, Еланга, Гарначо и Марсијал.
Тен Хаг посебно ги критикуваше токму фудбалерите кои излегоа на теренот во почетните 11, оценувајќи го неговиот пристап во почетните 15 минути како неприфатлив.
– Многу е јасно тоа што го видовме. Не бевме будни и спиевме во првите 15 минути. Се подготвивме и знаевме како ќе играат, но ние спиевме во одбрана. Ова е неприфатливо за мене, едноставно не е стандардот кој треба да го има Манчестер Јунајтед. Лоша организација и лоша дисциплина, – изјави Тен Хаг, кој во вториот дел им даде шанса на младинците.
– Задоволен сум од децата, тие внесоа енергија. Трчаа, се бореа…. Можеби немаа правилна органзиација и правеа грешки, но покажаа желба и страст. Јасно е дека не се навикнати да играат на ова ниво, – изјави Тен Хаг.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
НБАпред 24 часа
Лука се врати од повреда и приреди НБА шоу: Постигна 53 поени и славеше пред противничката клупа (Видео)
-
Германијапред 20 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 14 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!