Поврзете се со нас

Лига Европа

Јунајтед преку драматична завршница до нова победа, Лацио со лекција за Сосиедад (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед преку неизвесен и драматичен финиш дојдоа до славје над Ренџерс од 2-1 во соочувањето во Лига Европа.

Трите гола на „Олд Трафорд“ паднаа во второто полувреме, првиот беше комичен автогол на гостинскиот голман Батланд кој со бокс сам си ја смести топката во сопствената мрежа,

Овој резултат беше активен од 52 до 88 минута кога Десерс фантастично се снајде и стрелаше за 1-1 и огромна радост на гостинските фанови. Сепак премиерлигашот го имаше последниот збор, Мартинез уфрли во 92 минута, а Фернандеш се најде на вистинското место за три бода и четврти триумф на Јунајтед во низа во ова натпреварување (ТУКА погледнете ги головите).

Лидерот Лацио пак му одржа лекција на Реал Сосиедад совладувајќи го 3-1.

Калчолигашот уште во првиот дел се избори да предност од 3-0 со головите на Хила, Закањи и Кастелјанос, плус гостите заработија црвен картон. Сепак во 82 минута баскијците се изборија за почесен гол благодарение на Беренечеа (ОВДЕ погледнете ги головите)

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни