Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед потврди отсуство на уште еден првотимец во период од најмалку еден месец

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед вечерва излезе со официјално соопштение за повреда на важен првотимец и потврди уште едно разочарување за менаџерот Ерик тен Хаг и фановите.

Пред почетокот на новата сезона, премиерлигашот потврди дека Лук Шо повторно оди на принудна пауза и ќе ги пропушти првите натпревари на својата екипа, што секако е проблем за менаџерот кој и минатата сезона долго не можеше да смета на планираниот стартер.

– Лук Шо ќе ги пропушти првите натпревари од сезоната во Премиер лигата поради повреда заработена на листот на ногата на еден од тренинзите.

– Тој работи посветено на рехабилитацијата и очекувањата се дека ќе се врати по првата репрезентативна пауза, – стои во соопштението на клубот.

Шо нема настап за Јунајтед од 18 февруари, а поради повреда ги пропушти и првите натпревари на ЕП, по што доби шанса во завршницата и финалето.

 

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни