Англија
Јунајтед подготвен да се ослободи од Гарначо, клубот одредил цена за неговите услуги

Талентираниот аргентински репрезентативец, Алехандро Гарначо може да го напушти премиерлигашот Манчестер Јунајтед, клуб од кој е дел од 2020 година кога пристигна од Атлетико Мадрид.
Гарначо има 20 години и допрва се очекува најдоброто од него, меѓутоа тоа можеби нема да го видиме во Јунајтед ако се точни информациите на дел од италијанските медиуми.
Како што е познато Наполи е во потрага по наследник на Хвича Кварацхелија кој се очекува да биде продаден во текот на овој зимскио преоден рок, а калчолигашот во Гарначо гледа идеална замена на таа позиција. Наводно тренерот Антонио Конте ја одобрил оваа операција и наполитанците веќе оствариле контакти со „црвените ѓаволи“.
„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Јунајтед е подготвен за разделба со Аргентинецот и тоа за сума од 70 милиони евра. Клубот од „Олд Трафорд“ мора да ги почитува правилата за профит и одржливост на Премиер лигата и во тоа би помогнала продолжбата на крилниот напаѓач кој има договор до 30 јуни 2028 година.
Во тековнава сезона има одиграно 30 мечеви со 8 постигнати голови и 5 асистенции.
-
Англија20 часа
ФА Куп: Јунајтед доби нов премиерлигашки предизвик, Сити го доби „убиецот“ на фаворити
-
Англија22 часа
Дало убеден во успех со Аморим: Со него можеме да ја освоиме титулата во Премиер лигата
-
НБА8 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
НБА19 часа
Леброн во одбрана на Дончиќ: Кога кловнот ќе се пресели во палата…
-
Италија21 час
Соуза нема дилеми кој е најдобриот тим во Италија: Тие се фаворити за Скудетото
-
Италија18 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Италија24 часа
Жоао Феликс силно притискал за трансфер поради својот идол од Милан: Не само што личев на него, туку и сакав да го имитирам (Фото)
-
Англија17 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…