Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед падна во Лондон, Тотенхем го мина на премиерлигашката табела (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/premierleague

Екипата на Тотенхем беше подобра од Манчестер Јунајтед со 1-0 во последната средба од 25. коло во англиската Премиер лигата.

Ова беше дуел на два тима кои сезонава многу потфрлија и наместо да се борат за самиот врв водечките позиции тие се во вториот дел на табелата, односно поблиску до позициите кои водат во Чемпионшип.

Двата тима упатија скоро 40 удари на мечот, меѓутоа падна само еден гол и тоа во првото полувреме. Се играше 13 минута кога Медисон се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата на Онана. (ОВДЕ погледнете го голот)

Со овој триумф „петлите“ го минаа Јунајтед на табелата и сега со 30 бода се на 12 позиција со поен повеќе од клубот од „Олд Трафорд“.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни