Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед остана без една можност за трофеј, Вест Хем славеше на „Олд Трафорд“ (Видео)

Објавено

на

Екипата на Вест Хем ја однесе победата од денешниот дерби натпревар од третото коло од англискиот Лига куп откако со 1:0 славеше против Манчестер Јунајтед.

Во натпревар кој беше реприза од оној од пред три дена, овојпат поуспешни беа „чеканите“ кои славеа со голот на Мануел Ланцини кој ја затресе мрежата на Дин Хендерсон во 9. минута од средбата.

Од останатите натпревари, Арсенал со 3:0 славеше против Вимблдон, Брајтон беше поуспешен од Свонси со 2:0, а Лестер со истиот резултат го совлада Милвол.

Патникот во следната фаза од натпреварите помеѓу Челси и Астон Вила, како и Вулверхемптон и Тотенхемќе бидат одлучени по изведувањето на пеналите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни