Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед официјално го исполни првиот услов кој го постави Аморим (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим вчера го одработи првото интервју како менаџер на Манчестер Јунајтед и најави дека прва задача ќе му биде да се изгради идентитет, а неполни 24 часа по разговорот кој го водеше за клупската телевизија, челниците на клубот и официјално му го исполнија условот кој го постави.

Аморим веднаш при пристигнувањето на Островот јасно стави до знаење дека нема да смета на легендарниот Руд Ван Нистелрој, а вечерва стана појасно зошто е тоа така.

Португалскиот стручњак побарал од Манчестер Јунајтед да му ги обезбеди сите негови петмина помошници од Спортинг, па така клубот од вечерва на платен список ќе има уште пет блиски соработници на Аморим.

Станува збор за Карлос Фернандеш, Жорже Витал, Аделио Кандидо, Емануел Феро и Пауло Бареира, тренери кои прават директен трансфер од Спортинг во Јунајтед, исто како и Аморим.

– Позитивно е тоа што тука со мене ќе го имам целиот стручен штаб кој го имав во Спортинг. Тоа беше еден од условите кои јас ги поставив во преговорите, – откри вчера Аморим.

Кога се во прашање нивните задачи, Карлос е прв помошник на Аморим, Витал е тренер на голманите, Кандидо и Феро се прв и втор асистент, додека Бареира ќе биде задолжен за физичката подготовка на фудбалерите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни