Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Јунајтед одново го освои Париз, Барса со „петарда“ ја отвори сезоната во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед излезе како победник во битката со Пари Сен Жермен во дербито на вечерва во Лигата на шампионите.

Премиерлигашот успеа да го освои „Паркот на принцовите“ и со тоа да потврди дека е незгоден ривал за најдобриот француски првак. Во 2019 година Јунајтед со победата од 3-1 на овој терен го исфрли ПСЖ во осминафиналето во ЛШ, додека пак вечерва избраниците на Оле Гунар Солскјер славеа со 2-1.

Рашфорд беше човек на одлука, одлично се снајде во 87 минута и донесе три бода за „црвените ѓаволи“. Претходно Фернандеш од вториот негов обид од пенал го матираше Навас, додека во  57 минута Марсијал ја затресе сопствената мрежа.

Во истата таа група РБ Лајпциг со двата погодоци на Анхелињо славеше над Башакшехир со 2-0.

Барселона „испука петарда“ во првиот настап во групната фаза и тоа во мечот со Ференцварош. Каталонците славеа со 5-1 со погодоците на Меси, Фати, Кутињо, Педри и Дембеле со тоа што треба да се забележи дека црвен картон заработи Пике што значи ќе го пропушти дербито со Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни