Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед направи несекојдневен преседан за да го заштити Тен Хаг на пресот, новинарите го кренаа гласот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Ерик Тен Хаг се најде под сериозен притисок во последните неколку дена, особено по ужасното издание кое го имаше неговиот тим на дерби пресметката со Њукасл на „Ст. Џејмс парк“.

Пред Манчестер Јунајтед е ново дерби во Премиер лигата и дуелот со Челси треба да послужи како добар меч да се залечат раните, но како што стојат работите, притисокот врз холандскиот стручњак ќе биде уште поголем после иницијативата која била покрената од него, но и од клубот.

Неколку угледни англиски медиуми во текот на овие два дена информираа дека Тен Хаг ја „загубил соблекувалната“ и дека играчите веќе не веруваат во него, а поради таквите тврдења, денеска бил направен преседан и им бил забранет влезе на пресот на четворица новинари.

Главниот известувач на „Скај Спортс“, Каве Солехол, главниот дописник на „Манчестер Ивнинг“, Семјуел Лакхерст, Дејвид Мекдонел од „Мирор“ и Роб Досон од „ЕСПН“ добиле забрана за присуство на денешниот прес, а објаснувањето кое го даде клубот ги разлути новинарите и сите колеги застанаа во одбрана на работата која ја извршуваат.

– Клубот презеде акција против неколку медиумски организации, не поради објавување стории што не ни се допаѓаат, туку затоа што го сторија тоа без претходно да не контактираат. Не ни дадоа можност да коментираме, одговориме, или контекстуализираме. Веруваме дека ова е важен принцип што треба да го одбраниме и се надеваме дека истиот ќе послужи за поставување на нови трендови во меѓусебната соработка, – гласи објаснувањето на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни