Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед му откажа на Јувентус за Рабио

Објавено

на

Манчестер Јунајтед има потешкотии да дојде до посакуваните играчи во овој преоден рок, а најнов случај и доказ за тоа е Адриен Рабио.

Се некако изгледаше дека играчот на врска ќе се пресели на „Олд Трафорд“, клубовите се договорија, но нема да дојде до трансфер. Причината за тоа се личните примања на Французинот, поточно парите кои Рабио ги бара од премиерлигашот кој нема намера да му го исполни тој услов.

Поради ова Јунајтед ја откажал зделката и нема намера повеќе да разговара освен ако не се случи нешто драстично од страната на играчот. Оваа вест ја пренесе секогаш добро информираниот новинар Фабрицио Романо, вест која е удар за клубот од Манчестер кој очајно бара засилувања, но и за Јувентус за кого оваа зделка беше од искулучително значање за да може потоа да го доведе Леандро Паредес од ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни