Англија
Јунајтед мисли на индината, потпиша договор со синот на нивниот поранешен член

Од таборот на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден потврдија дека му понудиле прв професионален договор на талентираниот, 17 годишен фудбалер, Чарли Севиџ.
Чарли е син на познатиот фудбалер кој долги години играше во Премиер лигата, Роби Севиџ кој сега е познат по тоа што често се јавува како стручен коментатор за најдобрите англиски телевизии.
17 годишниот Чарли го потпиша својот прв професионален договор по кој истакна дека се надева оти ќе има подобра кариера од неговиот татко кој иако беше член на Манчестер Јунајтед не успеа да собере ниту еден сениорски настап за клубот.
Роби Севиџ иако не заигра за Јунајтед, на јавноста и е познат како долгогодишен фудбалер на Лестер Сити и Блекбурн каде остави значителна трага во својата кариера.
Чарли Севиџ е дел од младинските категории на Манчестер Јунајтед од 2019 година, а неговата позиција е централен играч за врска.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо