Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед мерка уште едно засилување од Интер

Објавено

на

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед не се прослави во првите месеци од новата сезона, а една од причините за тоа дефинитивно се повредите особено на таа лева бековска позиција каде клубот ги загуби Шо и Маласија, потоа беше ангажиран Регилон кој во одреден период не беше достапен, па на крајот мораше да покрива Амрабат.

Како што стојат работите „црвените ѓаволи“ планираат да ја засилат токму таа позиција во 2024 година со тоа што желба е Федерико Димарко од Интер. Според „Калчомеркато“ Јунајтед може да притисне за негов ангажман веќе во наредниот трансфер прозорец, ама се соочува со конкуренција затоа што и ПСЖ е заинтесиран за неговите услуги.

Интер пак од друга страна сака да го задржи со повисока плата, меѓутоа ако стигне богата понуда нема да биде изненадување ако Федерико си замени како што беше случајот со Андре Онана кој сега брани за Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни