Англија
Јунајтед конечно пронашол решение за Марсијал

Францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал пред нешто повеќе од еден месец преку својот агент призна дека сака да си замине од клубот незадоволен од малата минутажа која ја добива.
Тоа подоцна го повтори и привремениот тренер на „ѓаволите“, Ралф Рангник кој истакна дека Марсијал побара да биде пуштен да си оди од клубот.
И покрај неговата неизвесна иднина, тој доби шанса за настап на натпреварот против Вест Хем откако влезе на теренот од клупата за резервни фудбалери и беше еден од играчите кои донесоа промена во играта на Манчестер Јунајтед кој на крај освои големи три бода.
Сепак, и покрај добриот настап, Марсијал нема да остане во клубот и како што стојат работите ќе заврши во редовите на Севилја.
Клубот од Андалузија го посакува, самиот играч се согласил да се пресели во Севилја, а во моментов се водат преговори меѓу Јунајтед и шпанскиот клуб за тоа како ќе биде реализиран трансферот.
Најреална опција е позајмица во која голем дел од платата на напаѓачот ќе плаќа токму второпласираниот шпански тим.
-
Шпанијапред 18 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 17 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 18 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 11 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 14 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
НБАпред 17 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 6 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја