Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)

Објавено

на

Стартот на новата ера во Манчестер Јунајтед не можеше да стартува на полош начин, бидејќи човекот кој се чинеше дека полека го доведува тимот во ред, дебитираше со два ужасни резултати во Премиер лигата.

Ерик Тен Хаг имаше повеќе од задоволителни подготовки и летна турнеја, но стартот на сезоната во Премиер лигата одново ги откри сите слабости на Јунајтед, тим кој претрпе два поради од Брајтон и Брентфорд.

Овој вториот беше максимално разочарувачки и болен за верните фанови на англискиот великан, бидејќи избраниците на Тен Хаг примија дури четири гола во првите 35 минути. Поразот од 4:0 донесе многу критики за играчите на Јунајтед, па како своевидна казна, Тен Хаг им го одзема денот за одмор и денеска ги натера да тренираат во тешки услови.

Оваа вест беше пренесена од „Скај Спортс“ и потврдена со видеа од тренингот, но истиот медиум информира дека стручниот штаб предводен од Тен Хаг останал огорчен и од однесувањето на Кристијано Роналдо. Португалецот одмавнуваше со глава и реагираше нервозно кон своите соиграчи неколку пати на теренот, па дури и избегна поздрав со Тен Хаг и неговите помошници по крајот на средбата.

Ваквото однесување не им се допаднало ниту на директорите на клубот, па „Скај Спортс“ дознава дека Јунајтед е подготвен да му го раскине договорот на Португалецот доколку не си го промени односот во блиска иднина. Роналдо го разлути врвот и поради тоа што на секој начин се обидуваше да изнуди трансфер, но сега може да го осигура тоа, но по инсистирање на клубот кој е разочаран од однесувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни