Англија
Јунајтед ја почна операцијата „замена за Роналдо“: Две имиња се издвојуваат на врвот на листата на Тен Хаг

Кристијано Роналдо со своето експлозивно интервју кое го направи со Пирс Морган го оствари она што очигледно го имаше наумено, односно се избори за „шут-карта“ од Манчестер Јунајтед, нешто што не му успеа во летниот преоден рок.
Португалецот се обидуваше на секој начин да си замине од „Олд Трафорд“ изминатото лето и се нудеше на неколку клубови, но откако остана и се претвори во резерва во тимот на Ерик Тен Хаг, реши првиот дел од сезоната да го затвори со брутално интервју во кое удри по сите инстанци во клубот.
Нападите кон директорите, газдите и тренерот на крајот резултираа со неизбежното, односно Манчестер Јунајтед објави дека неговиот договор е раскинат пред премиерата која ја имаше Португалија на Светското првенство.
Роналдо ќе си бара нова средина како слободен агент, но Јунајтед дефинитивно ќе донесе замена за него во јануари и медиумите од Англија веќе шпекулираат со две имиња.
Според јавноста на Островот, Коди Гакпо се наоѓа на самиот врв на листата на Ерик Тен Хаг и тој е прв избор на холандскиот стручњак, а добрите изданија на мундијалот само може да му помогнат на напаѓачот да си обезбеди преселба на театарот на соништата. Претпоставките се дека ПСВ би требал да добие околу 50 милиони фунти за стартерот во тимот на Луи Ван Гал, а тоа е и поевтината опција која би била и идеална за Јунајтед.
Второт име на списокот на Тен Хаг е Рафаел Леао, Португалецот кој не успеа пред мундијалот да го продолжи својот договор со Милан, па ќе влезе во зимскиот преоден рок како играч кој може да направи сензационален трансфер.
-
Светпред 20 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 22 часа
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
АТПпред 23 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 15 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар