Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед избрал кандидати за нов менаџер, најмладиот е во предност поради соработката со Мурињо и Солскјер

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и натаму размислува околу статусот на Ерик тен Хаг, а во најтесен круг кандидати биле четворица менаџери, тврди „ЕСПН“.

Овој медиум има информации од извори од клубот и потенцира дека дури ни освоениот ФА куп може да не му ја спаси работата на Холанѓанецот, иако и поразот не значи експресен пораз.

Клубот има потесен круг од кандидати, чија досегашна кариера се анализира од спортскиот сектор предводен од новиот косопственик, Џим Ретклиф.

Блиску, а далеку до позицијата се Томас Тухел и Маурисио Покетино, менаџерот на Брентфорд – Томас Франк и најмладиот Киран МекКена.

Сегашниот став на менаџментот е дека треба да му се даде шанса на помлад менаџер, а МекКена е главен фаворит откако сезонава го врати Испвич во Премиер лигата.

Во негов прилог оди и фактот што работеше во Јунајтед и во клубот му беше помошник на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни