Јунајтед испука „петарда“ во мрежата на Клуб Бриж, Интер рутински против Лудогорец (Видео)

junajted-briz

По скромните 1:1 на гостувањето во Белгија, Манчестер Јунајтед оваа вечер испука „петарда“ во мрежата на Клуб Бриж, но мора да се напомене дека работата на домаќините значајно им беше олеснете откако Дели направи нелогичен црвен картон во 23-та минута.

Играчот на Бриж заработи исклучување и му подари пенал на Јунајтед, а сигурен реализатор беше Бруно Фернандеш кој го запиша својот втор гол како играч на „црвените ѓаволи“. Овој погодок беше само најава за лесната задача која во продолжение ја имаше Јунајтед, а во забавата се приклучија Игало, Мектоминеј и Фред. Првите двајца дадоа по еден гол до крајот на првиот дел, а конечните 5:0 ги постави Бразилецот Фред со два гола во самата завршница на мечот.

Манчестер на овој начин се пласираше во осминафиналето на Лига Европа, рунда во која ќе се натпреварува и Интер кој вечерва пред празни трибини рутински ја доврши работата против Лудогорец, славејќи на „Џузепе Меаца“ со 2:1. Од останатите интересни средби, Бенфика и Шахтјор одиграа 3:3 со кои украинскиот тим патува во наредната рунда, а Хетафе ја потврди фантастичната форма и го елиминираше Ајакс и покрај поразот од 2:1 (победи 2:0 во Шпанија).

Facebook Коментари