Лига Европа
Јунајтед и Сосиедад си зададоа по еден удар, Мурињо ќе брка голема негатива во Шкотска (Видео)

Првите натпревари од осминафиналињата во Лигата на Европа беа доста ефикасни, бидејќи со исклучок на натпреварот меѓу АЗ Алкмар и Тотенхем, на останатите три средби видовме по најмалку два гола.
Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед ќе го решаваат патникот во четвртфиналето на реваншот на „Олд Трафорд“, епилог кој можеби е и најреален со оглед виденото во Баскија.
Гостите од Манчестер беа далеку подобри во првото полувреме во кое не успеаја да ја материјализираат теренската иницијатива, па иако го контролираа и стартот на вториот дел, во продолжение беа целосно инфериорни.
Јунајтед поведе со голот на Зиркзе, но откако пристигна толку очекуваниот гол, избраниците на Рубен Аморим почнаа да играат предефанзивно, што на крајот им се удри од глава.
Реал Сосиедад израмни преку Ојаразабал откако претходно беше досуден пенал за играње со рака од Бруно, а до крајот Онана беше најзаслужен што гостите не се вратија и со негатива во Манчестер.
Конечните 1:1 оставаат се отворено за вториот натпревар кој се игра наредната недела, но таква не е ситуација за Жозе Мурињо, кој заедно со своите играчи од Фенербахче ќе мора да брка голем пресврт во Шкотска.
Фенербахче денеска на домашен терен загуби од Ренџерс со 1:3, додека истиот резултат го имаше и на натпреварот ФЦСБ-Лион.
Головите од Реал Сосиедад – Манчестер Јунајтед погледнете ги ТУКА
Головите од Истанбул погледнете ги ТУКА
-
Игри на среќа23 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)