Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед и Ливерпул закажаа големо дерби во ФА Купот, Челси со доста мака до славје на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и Ливерпул закажаа големо дерби во четвртфиналето на ФА Купот.

Јунајтед и Ливерпул ја потврдија улогата на фаворити на вечерашните дуели против Нотингем Форест и Саутемптон, а тоа значи деќа во наредната фаза ќе гледаме нивно соочување, битка за полуфиналето кое ќе се игра на „Вембли“.

Клубот од Манчестер славеше на „Сити Граунд“ со 1-0 со погодокот на Касемиро во 89 минута. „Црвените“ пак на млад погон ги разбија „светците“ и тоа со головите на Куманс и Данс.

Челси пак со многу мака го доби Лидс со 3-2 со голот на Галагер во 90 минута. Нареден ривал на „сините“ ќе биде уште еден тиим од Чемпионшип лигата-Лестер.

Вулверхемптон пак го надигра Брајтон со 1-0 благодарение на голот на Лемина.

Челси има „отворен“ пат до „Вембли“, можно е големо дерби во четвртфиналето на ФА Купот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни